Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Средба Николоски-Тигањ: Одличните билатерални односи да ги надградиме со зголемување на трговската соработка меѓу двете земји

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорката на Хрватска, Нивес Тигањ.
На средбата на која што беа потврдени одличните билатерални односи, се разговараше за идната соработка меѓу двете земји.

Вицепремиерот Николоски особено потенцираше дека постои огромна можност за зголемување на економската соработка и троговската размена меѓу Македонија и Хрватска.

Тој информираше дека Владата ја започна најголемата инвестицона активност досега во модернизација на инфраструктурата со посебен фокус на коридорите 8 и 10, кои претставуваат дел од европските транспортни мрежи.

На средбата се разговараше и за актуелните политички прашања во земјата и регионот со акцент на реформските процеси што се спроведуваат, а се во насока на евроинтегративниот пат на земјава. Меѓу другото, се разговараше и за реформите во однос на владеењето на правото и борбата против криминалот и корупцијата.

Вицепремиерот Николоски упати благодарност за континуираната поддршка од страна на Хрватска на патот кон членството во Европската Унија, притоа двајцата говорници се согласија дека билатерналните односи ќе продолжат да се оддржуваат со одлично ниво во интерес на меѓусебната соработка и пријателството меѓу двете земји.

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

C +

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Мицкоски од Кисела Вода: Се доградува ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ги испорачуваме ветувањата дадени пред граѓаните

C +