Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Нова средба меѓу Русија и Америка

Руска делегација пристигна во Истанбул на преговори со американски претставници. Ова е втора средба во живо меѓу американски и руски претставници откако рускиот претседател Владимир Путин нареди целосна инвазија на Украина пред три години. Првата се одржа неодамна во Ријад без учество на претставници на Украина и ЕУ, што предизвика гласни критики од двете страни.

Како што јави Би-би-си, целта на средбата во Истанбул е да се решат несогласувањата во врска со работата на нивните амбасади во Вашингтон и Москва. Оваа средба доаѓа откако турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави дека Турција ќе одигра „важна улога“ во завршувањето на војната во Украина.

Од почетокот на руската целосна инвазија на Украина во 2022 година, Турција се обидува да ја преземе улогата на посредник, одржувајќи блиски врски со двете страни – Украина и Русија./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Зимската бура во САД не се смирува: стотици илјади луѓе без струја, откажани летови

ДЕСК

Поранешен британски министер ја напушта Лабуристичката партија поради неговите врски со Епштајн

ДЕСК

Иранскиот демонстрант Ерфан Солтани ослободен со кауција

ДЕСК