Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Кремљ молчи за американско-украинскиот договор, вели дека нема планови за разговорите меѓу Путин и Трамп

Кремљ денеска потврди дека се во тек подготовки за преговори меѓу експертски тимови меѓу САД и Русија, но додаде дека во моментов нема планови за телефонски разговор меѓу рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Доналд Трамп.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на дневниот брифинг изјави дека Москва нема да коментира за важниот американско-украински договор за експлоатација на ретки минерали додека не бидат објавени официјални информации. Да потсетиме дека, според неофицијални извори, договорот е постигнат синоќа, а се очекува украинскиот претседател Зеленски да го потпише со Трамп во петок во Белата куќа.

Путин неодамна понуди да продава руски ретки минерали на американски компании, вклучително и оние од окупираните територии на Украина. Песков рече и дека немало разговори со Кина за можноста кинеските сили да бидат распоредени во мировна мисија во Украина во случај да се постигне договор./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Италија се дистанцира: Мелони вели дека земјата нема да учествува во војната во Иран

C +

Политико: Администрацијата на Трамп верува дека може да издржи скок на цените на нафтата до четири недели

C +

Ирански дронови паднале во близина на меѓународниот аеродром во Дубаи

C +