Centar.mk
СВЕТ

Карл Билд: Се чини дека договорот има за цел да го усреќи Трамп

Поранешниот шведски премиер и копретседавач на Европскиот совет за надворешни односи, Карл Билт, рече дека договорот за минерали меѓу Украина и САД изгледа како „споредна приказна со ограничена важност“.

Билт изјави за Би-би-си дека договорот „изгледа како нешто што треба да го усреќи Трамп“, но дека „нема да донесе значителни финансиски ресурси во САД или да има материјално економско влијание со години“.

Како пример го наведе отворањето на нови рудници, за што се потребни големи инвестиции и се добива приход дури по неколку години. „Овој договор е повеќе прилагоден на психологијата на американскиот претседател отколку на реалните околности во Украина“, заклучи Билт./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ИЛЈАДНИЦИ ЛУЃЕ НА ПРОТЕСТ ВО ТУРЦИЈА – Климатските активисти бараат вистински промени од светските лидери

ДЕСК

СЕРИОЗНА НЕСРЕЌА НА МИСИСИПИ – Танкер удри во крузер во Њу Орлеанс, најмалку 32 лица повредени

ДЕСК

СВЕТСКИ ДИПЛОМАТСКИ СОБИР ВО КАМБОЏА – Министрите разговараат за мирот и иднината на франкофонските држави

ДЕСК