Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Дебакл на мерките на владата, синдикалната кошничка покачена за 521 денар

Целосен дебакл на мерките на Владата и економските политики на Мицкоски и ДПМНЕ. Последните објавени податоци покажуваат дека минималната синдикална кошничка за месец февруари е зголемена за 521 денари и достигна 63.773 денари, соопшти СДСМ.

„На едно четиричлено семејство му се потребни намјалки 64.000 денари месечно само за основните потреби, додека просечната плата во државата е значително пониска и стагнира.

Овие податоци јасно покажуваат дека владините мерки и економски политики се тотално промашени.

Граѓаните имаат се помалку пари во своите џебови и едвај врзуваат крај со крај.
Животниот стандард се влошува.

Наместо да обезбеди реални решенија и да го заштити животниот стандард на граѓаните, владата го остава народот сам да се бори со огромната скапотија.

СДСМ бара итно преземање на следниве чекори:
-Укинување на ДДВ за храна.
-Намалување на ДДВ за струја на 5%.
-Примена на Законот за нефер трговски практики за намалување на цените до 30%.
-Зголемување на минималната плата на 500 евра.

Потребно е усогласување на платите со растечките трошоци за живот, за да се обезбеди достоинствен живот за сите граѓани.

СДСМ останува посветен на борбата за подобар животен стандард и ќе продолжи да предлага конкретни решенија за надминување на економската криза.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК