Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски е сиамски близнак на Кацарска и Трпков

Македонија се гуши во „дивото месо” посеано од СДС и ДУИ кое како канцер ја има зафатено правдата во Македонија, велат утрово од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Основаните сомнежи и впечатоци се дека синоним за политизирана правда се постапките на екс обвинителката Рускоска која со дежурните судии за 27 април Добрила Кацарска и Илија Трпков, станаа синоним за тоа како изгледа политички инструираното судство и обвинителство. Иако тие мислат и се надеваат дека нивните злодела ќе бидат заборавени и затскриени, Македонија не заборава.

Политичките партии СДС и ДУИ си најдоа кој да обвинува, кој да суди. Потоа дури Кацарска ја унапредија и за Уставен судија, а судијата Илија Трпков држи политички говори за 27 април.

На сите вакви и слични неправди печат стави нивниот сиамски близнак Љупцо Коцевски кој треба да биде разрешен, не само затоа што е дел од политичката архитектура на СДС и ДУИ во судството, туку и затоа што е незаконски и поставува и разрешува кадри во својството делејки ги на подобни за неговите политички ментори и неподобни.

Токму затоа СДС се толку загрижени и се против реформите во судството.

Доаѓа време на правда, и на реформи на последното политичко упориште на криминализираниот дел од општеството во Македонија“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

ДЕСК

Билатерални средби на претседателот Гаши на маргините на 152. Собрание на ИПУ во Истанбул

ДЕСК

Филков се сретна со граѓански организации за реформите во изборното законодавство

ДЕСК