Centar.mk
СВЕТ

Трамп: Индија ќе купи повеќе нафта и гас, ние ќе им ги дадеме нашите „Ф-35“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД и Индија постигнале договор кој вклучува Индија да увезува повеќе американска нафта и гас за да го намали трговскиот дефицит меѓу двете земји.

Трамп ги даде коментарите по билатералната средба во Белата куќа со индискиот премиер Нарендра Моди.

САД ќе ја зголемат продажбата на воена опрема за Индија почнувајќи од 2025 година и на крајот ќе обезбедат борбени авиони Ф-35, рече Трамп.

Трамп, исто така, рече дека Вашингтон и Њу Делхи ќе работат заедно за да се спротивстават на, како што рече, „заканата од радикалниот исламски тероризам“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ЕСКАЛАЦИЈА НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Нападите меѓу САД, Израел и Иран се интензивираат

ДЕСК

Позната инфлуенсерка пронајдена мртва во стан

ДЕСК

Трамп го нападна НАТО, британски дипломат му возврати: „Целосно погрешно го разбира“

C +