Најпрво да тргнеме од базичните факти: УСАИД (USAID) се создава откако Конгресот гласа за Закон со кој ќе се помага надвор (читај, во странство!) од Америка во 1961. година. Законот пропишува дека ќе се основа Владина агенција кој ќе биде задолжена да троши пари на американските даночни обврзници во странство.
Набрзо после носењето на тој закон, претседателот Џон. Ф. Кенеди ја основа УСАИД (USAID), а за тоа носи извршна наредба или познато како „указ“.
Накратко речено, Трамп не може нужно да го затвори УСАИД со тоа што ќе потпише извршна наредба, а ако тоа го направи, ќе наиде на големи препреки од судовите и во Конгресот. За УСАИД комплетно да се угаси, потребен е акт на Конгресот – а Трамповата Републиканска партија држи танко мнозинство во двeте политички ќелии: House of Representatives и U.S. Senate.
Едната од опците на Трамп е УСАИД да го претвори во огранок на Стејт депармент и не биде повеќе владина агенција за себе. Нема ништо чудно во сето ова: 2020. година, тогашниот британски премиер Борис Џонсон го припои Министерството за меѓународен развој со Форин офис (Foreign Office).
Во тоа време, министрите велеа дека трошењето на пари во странство ќе ги поддржува широките цели на надворешната политика на Владата на Британија – а критичарите предупредуваа дека тоа ќе ја намали експертизата во секторот за Хуманитарна помош и ќе го компромитира влијанието на Британија во странство.
Имајќи ја во предвид огромната колична на срeтства која доаѓа од САД, било каква промена во начинот на кој парите се трошат, несомнено ќе се почувствува во целиот свет. Активностите на УСАИД варираат од обезбедување на протетички екстеримитети на војниците повредени во Украина, до дислоцирање на нагазни мини и запирање на ширење на ебола во Африка.
Откако Белата куќа објави пауза од 90 дена на трошење во странство, државниот секретар Марко Рубио рече дека „секој потрошен долар мора да биде оправдан“ со докази така што ќе ја направи САД безбедна, силна и просперитетна.
Политичарите од Демократската партија ги нарекоа овие чекори против-законски, велејќи дека ќе ја загрозат националната безбедност, повикувајќи се на извештаите на затворските чувари во Сирија, задолжени за чување на илјадници борци на Исламската држава кои ќе ја напуштеле работата кога американското финансирање ќе биде привремено укинато.
Трамп јасно им даде до знаење дека сака трошењето во странство да биде строго во складот со неговата политика „Америка на прво место“, па така, секторот за меѓународен развој се спрема за уште поголеми потреси.
ЗА ШТО СЛУЖИ И ШТО ПРАВИ УСАИД?
За програми кои обезбедуваат лекови за најсиромашните во светот и воведување на огромни количини на чиста вода, овие работи ги прекина новата Администрација на Трамп за една вечер.
Понатаму, Американска агенција за меѓународен развој (УСАИД) е основана за да помогне на целиот свет така што ќе спроведува програми за хуманитарна помош во име на Американската влада. УСАИД вработува околу 10.000 луѓе, а 2/3 од вработените работи надвор од САД. Седиштата/штабовите се наоѓаат на локации во повеќе од 60 земји, а ги има и во десетина други. Дијапазонот на активности кои УСАИД ги спроведува практично е бескраен.
На пример, не само што УСАИД обезбедува храна во земјите во кои луѓето гладуваат, туку води и проверен светски систем за откривање на глад и сиромаштија, користи база на податоци за да може да предвиди каде ќе се појави eгзистенционален минимум на храна. Понатаму, огромен дел од буџетот на УСАИД се користи за здравствени програми, како што се обезбедување на вакцини против детска парализа во земји во кои оваа болест се’ уште беснее и не е искоренета, па дури има потенцијал да предизвика и пандемија.
„ББС Медиа екшн“ е финансирана од надворешните грантови и добива сретстава од УСАИД.
Од извештаите за 2023. година, САД потрошиле 68. милијарди долари на меѓународна помош. Најмногу пари се трошат во Азија и подсахарска Африка и Европа – а првенствено на хуманитарна помош во Украина. Во целиот свет, САД најмногу троши за меѓународен развој – и тоа со убедлива разлика од Британија, која за разлика од САД, троши околу 15,3 милијарди фунти, што претставува околу четвртина од она кое го обезбедува САД.
А каде сме ние во целата оваа приказна?
Никаде, а сепак, просечниот македонец го сака Трамп. Ние имаме некој привид дека Трамп нам во нешто ќе ни помогне. На пример, ако не планира да го уништи светот, барем нам да ни дозволи својата земја да ја опљачкаме, ама не и’ да ја уништиме…, до толку, сепак, дијаболични не сме. А може и сме, ама до сега не сме покажале толкав капацитет.
Да се присетиме на нападот на „правоверните“ Македонци во Собранието? Откако опљачкаа милијарди, планираа да се пресметаат со своите неистомисленици од кои изгубија на избори.
Денес, истите тие, само малку „подиспрани“, оплакнати и замиени се вратија на власт. Сега не им е виновен Сорос, туку виновен им е УСАИД, затоа што така вели Трамповата официјална политика. И овие што да прават, ја менуваат плочата преку ноќ.
СЕРИОЗЕН ПАЗАРЕН ШОК КАКО ШАНСА
Атомските бомби не е единствената работа за која се загрижени богатите. Тие сериозно размислуваат и за сценариото на пропаѓање на државниот систем на кој се збогатија и систем кој ќе го штити нивното богатство.
Загрижените за државата во хаос, немоќната полиција, кастрираното судство, паравоените и уличните банди. Тоа сценарио на интернет форумите се вика W.R.O.L, „without rule of law“, значи: без владеење на право.
Е, тука, пак, јас, гледам сериозна пазарна шанса. За кого? Да простите, за нас.
Ние цел живот го проживеавме без владеење на право. Што во некоја смисла од нас прави – експерти за таа материја или, поточно, не прави експерти за нејзино отсуство, како ви е мило наречете го. Или што би се рекло: што студираше – право? Ма, што студирав – го живеев, брате! Треба ли некој да ги подучи богаташите на живот без владеење на право? Се разбира дека треба!
Со кастрирано судство, немоќна полиција, држава во хаос, паравоени и улични банди, секој граѓанин во оваа земја е практично експерт за оваа материја. Наместо да оди да мие тањири и конобари по европските и светските метрополи, нашиот човек би можел да работи за владетелите на Силиконската долина, на пример како life coach за живот после Третата светска војна.
Ама се плашам, ништо од сето тоа. За нас капитализмот има други планови.
Ако се случи Трета светска војна, таа војна нема да ја предизвика Македонија, како што не ги предвизика ниту претходните две, туку неговите слуги од капиталистичко-воениот комплекс. Кога капитализмот влегува во војна, тој има намера не само да излезе жив, туку стане уште поголем и посилен.
За мене и вас, војната значи помалку раце, нозе, градови и живи членови на фамилијата. За капитализмот војната, па и Третата, па и нуклеарната, значи уште повеќе пари и стабилни услови за раст.
Кај нас малку порустикално го разбираме капитализмот: и метастазата ја сметаме за раст и развој. И варварска оргија ја сметаме за раст и развој.
Пишува: Ненад Јовановиќ
Текстот е личен став на Авторот.
Оваа колумна го изразува личното мислење на авторот кој е одговорен за неа, и може да не се совпаѓа со редакцискиот став на Centar.mk.