19. февруари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ЛОКАЛНО

Герасимовски : По повеќе од 30 години реконструирани улиците „Андон Дуков“ и „Донбас“ во Дебар Маало

По повеќе од три децении, за првпат се изврши комплетна реконструкција на улиците „Андон Дуков“ и „Донбас“ во Дебар Маало, кои претходно беа во многу лоша состојба, со оштетен асфалт и без атмосферска канализација.

Вкупната должина на реконструираните улици изнесува 131 метар , „Андон Дуков“ е со должина од 61 метар, а „Донбас“ е долга 70 метри. На „Андон Дуков“ е поставен нов асфалт со површина од 227 квадратни метри, додека на „Донбас“ се асфалтирани 286 квадратни метри.

Реконструкцијата вклучува изградба на нова атмосферска канализација со цевки со дијаметар Ф300 mm во должина од 92 метри, што ќе овозможи ефикасно одводнување на дождовната вода. Покрај асфалтирањето на коловозите, поставени се нови бетонски рабници и тротоари со павер елемент.

Градоначалникот Горан Герасимовски истакна дека реконструкцијата на овие улици значително го подобрува квалитетот на живот во овој дел од Центар и ги решава долгогодишните проблеми на граѓаните.

„Сега улиците се безбедни и функционални и со современа инфраструктура, со што се решава повеќедецениски проблем во населбата. Продолжуваме посветено да вложуваме во подобрување на нашата урбана средина,“ изјави Герасимовски.

Улиците се од особена важност за поврзување со улицата „Орце Николов“ и минуваат низ густо населени делови со станбени и деловни објекти, што ја прави оваа реконструкција уште позначајна за локалните жители.