13. февруари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Филипче: Економската состојба се влошува, владата не нуди решенија

Има значајно влошување на економската состојба, стандардот на граѓаните опаѓа, имаат се помалку пари во џебовите, извозот бележи пад а владата не нуди решенија, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешниот брифинг со медиумите.

-Изминатиот период граѓаните се под огромен притисок, каков што не биле во изминатите повеќе години. Има значајно влошување на економската состојба, влошување на стандардот и се помалку пари во џебовите на граѓаните. Нема нешто што не е поскапено и тоа значајно. Од основни прехранбени продукти, парно, видовме последните сметки за струја, зголемувањето е од 10% до 20%. При тоа гледаме дека Владата воопшто не нуди предлог решенија како граѓаните да се справат со серијата поскапувања, како да огрании некои цени согласно законските можности ниту пак има план и страгегија како да го зголеми стандардот на граѓаните, во делот на раст на платите, рече Филипче.

Мерките кои сега владата ги презема за маржите прво се задоцнети, второ се однапред најавени, што им дава на маркетите и големите трговци простор да ги зголемат цените, а само како една и единствена мерка нема да даде никаков ефект. Затоа СДСМ ќе предложи сет на мерки за подобрување на животниот стандард на граѓаните, потенцираше Филипче.

-Гледаме дека и македонската економија бележи пад на извозот, би рекол алармантни 15,5% намален извоз кон крајот на 2024 година споредбено со 2023 година со Геманија. Мора да имаме предвид дека нашиот дел од извозот којшто е поврзан со Германија може и понатаму да се соочува со идни предизвици, имајќи предвид што во Германија се случува. Владата треба да направи план и стратефија како да се справи со овој удар кој очигледно е дека ќе го осетиме, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче.