Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Времето драстично се менува, доаѓа снег! – Метеоцентар ја објавува деталната прогноза за следните 4 дена

Во текот на ноќта и утре претежно во планинските региони ќе има појава на слаб повремен снег, а на повисоките места во западните делови од повремен дожд кој може да замрзнува на тлото и кој ќе преминува во снег. Потоа ќе продолжи променливо облачно време претежно во планинските региони со услови за појава на слаб повремен дожд, а на планините со услови за слаб повремен снег. Во петок ќе засилува југоисточен ветер.

Прогноза за 14.02.2025
Минимална температура: -4°C до 3°C
Максимална температура: 3°C до 11°C

Умерено до значително облачно. Во југозападните региони ќе има услови за повремен локален слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој долж Повардарието ќе засилува.

Прогноза за 15.02.2025
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 5°C до 10°C

Променливо облачно со сончеви периоди во западниот дел со услови за појава на повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен до југоисточен правец.

Прогноза за 16.02.2025
Минимална температура: -4°C до 2°C
Максимална температура: 4°C до 9°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК