Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Костова: Мицкоски плаќа повеќе од една минимална плата за спонзорирање пропагандно видео на Фејсбук

Потпретседателката на СДСМ Кристина Костова на социјалните мрежи: Мицкоски плаќа повеќе од една минимална плата за спонзорирање пропагандно видео на Фејсбук:

-Додека Мицкоски се иззема себеси од преговорите за покачување минимална плата, тој лично плаќа повеќе од една минимална плата за спонзорирање негово пропагандно видео на Фејсбук.
Додека Мицкоски троши речиси цела синдикална кошничка за реклами, го убедува народот дека цените на производите и не биле толку високи, а во синдикалната кошничка имало производи за луксузирање.
Синдикатите се оставени без поддршка, а работодавачите не планираат да направат ниту милиметар отстапка, нема покачување плати, додека цените вртоглаво растат, а сѐ повеќе луѓе се на раб на сиромаштија, ама на Мицкоски и Владата ич не им чуе.
Мицкоски можеби нема за цреши, ама има за спонзорирани постови.
Секако, ваквото расипништво воопшто не изненадува кога доаѓа од премиер чиј советник е Зоран „немаме за леб, а трошиме за чоколадо“ Ставрески.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕА, ФОТО) СПОРЕДБА: ПРЕД ДВА МЕСЕЦИ И ДЕНЕС – Дали Преспанското има шанси да се врати?

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ДРАСТИЧЕН ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ И ДО -10 СТЕПЕНИ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Хорор во Македонија: Силувано и уценувано малолетно девојче, а потоа едниот и барал 20.000 евра за да не се објават ексциплитни фотографии

ДЕСК