Centar.mk
СВЕТ

Се урна хеликоптер во Италија: познат бизнисмен меѓу загинатите

Во хеликоптерска несреќа во близина на Парма во северна Италија вчера загинаа три лица, меѓу кои и директорот на компанијата за производство на салами Ровањати, јавија италијанските медиуми.

Околностите за несреќата засега се нејасни, но познато е дека густата магла ја покрила областа во моментот кога хеликоптерот се урнал на земјиште во сопственост на семејството Ровањати.

Според агенцијата Анса и дневниот весник Ла Стампа, една од трите жртви е 41-годишниот Лоренцо Ровањати, кој ја водел компанијата заедно со неговиот брат Феручи.

Компанијата вработува, според нивната веб-страница, повеќе од илјада луѓе ширум светот и има филијали во Белгија, Франција, Германија и САД./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Врховниот лидер на Иран е преместен на безбедно место

C +

Се откажуваат летови до Израел и други земји од Блискиот Исток

C +

Најмалку 40 лица се убиени во напад врз женско училиште во јужниот ирански округ Минаб

C +