Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен делчевец за предизвикување пожар

-На 04.02.2025 во 13.40 часот на место викано Брежјето во Делчево, полициски службеници од Полициската станица Делчево го лишиле од слобода С.Д.(58) од Делчево поради сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

-Имено, околу 12.52 часот во ОВР Делчево било пријавено дека на местото настанал пожар на трева, грмушки и ниска шума. Полициски службеници на местото го затекнале С.Д., кој изјавил дека тој го предизвикал пожарот, односно дека сакал само да ја запали тревата на неговата нива, но пожарот излегол од контрола.

Екипа на Територијалната противпожарна единица Делчево го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. За настанот бил известен јавен обвинител и по негово целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава, информира полицијата.

Можеби ќе ве интересира

СТАТУСОТ НА ГРУЕВСКИ ВО УНГАРИЈА ПОВТОРНО ВО ФОКУС: Државјанството му дава посилна заштита?

ДЕСК

ВРЕМЕТО ЌЕ ИЗНЕНАДИ: Од сонце и топлина до пороен дожд и грмежи

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРОСТУВА: Девет возачи завршија во станица по опасно возење

ДЕСК