Centar.mk
СВЕТ

Поранешниот канцелар на Германија, Герхард Шредер, хоспитализиран во болница

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер (СПД) е примен во болница поради хроничен замор, изјави денеска адвокатот на Шредер.

Кога Шредер одби да учествува во работата на истражниот комитет на собранието на Шверин, главниот град на германската покраина Мекленбург-Западна Померанија, во средината на јануари за изградбата на контроверзниот гасовод „Северен тек 2“ во Балтичкото Море, се појавија шпекулации за неговото здравје, објави весникот „Билд“.

„Поранешниот канцелар страда од проблеми со концентрацијата и меморијата, како и од нарушувања на спиењето. Тој не е во состојба да се справи со продолжениот физички и психички стрес, особено со јавната работа како член на истражниот комитет на собранието на Шверин ниту сега ниту во иднина“, рече адвокатот на Шредер, кој зборуваше во име на семејството и побара од јавноста да ја почитува приватноста на пациентот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

ДЕСК

46 жртви во железничката несреќа во Шпанија

ДЕСК

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

ДЕСК