Centar.mk
ЛОКАЛНО

Герасимовски: Исчистен сметот кај Градскиот стадион и ул. Козара, позитивни се реакциите на граѓаните

Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека големата акција за чистење на сметот во Центар продолжи и во текот на вчерашниот ден, кадешто општинските служби целосно го имаат исчистено сметот околу Градскиот стадион во Парк и дел од улицата Козара во населбата Капиштец.

„Викендов, интензивно работиме на чистење на нашата општина. Го чистиме сметот, ги миеме улиците и ги чистиме клупите во Центар. Улиците околу Градскиот стадион се чисти, а кантите без смет. Ме радува позитивниот одѕив од страна на граѓаните за акцијата велејќи дека треба да работиме и на подигнување на свеста за одржување чиста средина. Апелирам до граѓаните да пријавуваат смет и дива депонија на следните телефонски броеви 076/350-767 и 02/3203-693”, истакнува Герасимовски.

Општина Центар спроведува голема акција за чистење на јавните површини во Центар, откако минатиот викенд Град Скопје ги остави центарските улици во смет.

Можеби ќе ве интересира

ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ НА СТРУЈАТА – На 4 ноември зафати во Маџари, Сарај и Кисела Вода

ДЕСК

185 хуманитарни пакети – роденденска хуманост во Карпош

ДЕСК

Герасимовски: Централните општини на Белград и Сараево во посета на Центар, во фокус младите, развој на спортот и културата

ДЕСК