Centar.mk
фото Centar.mk (c) /Илустрација
БИЗНИС

Регионот денеска ги бојкотира продавниците: Македонија, Србија, Црна Гора, Хрватска и БиХ против големите супермаркети поради енормно високите цени

По повиците на социјалните мрежи, денеска се очекува граѓаните во државата да ги бојкотираат маркетите поради високите цени на прехранбените производи. Иницијативата, која првин беше во Хрватска, а подоцна слични акции беа најавени и во Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Словенија, доби поддршка од пошироката јавност, како и од партиите и од власта и од опозицијата.

И премиерот Христијан Мицкоски деновиве искажа разбирање за бојкотот и најави засилени контроли и казни за трговците што го изигруваат законот и мерки за заштита на животниот стандард.

Бојкот се одржува и во Црна Гора, на кој со денови повикуваат групи граѓански активисти, невладини организации и синдикати, а делумно и владата. Истата ситуација се случува и во Хрватска, Србија и Босна и Херцеговина.

„Алтернатива Црна Гора“ денеска ги повика граѓаните да ги бојкотираат супермаркетите и продавниците во земјата. Целта на бојкотот е да се испрати предупредување до сопствениците на пазарот дека Црна Гора, конечно, може да се обедини.

Вчера, во Хрватска почна најавениот седумдневен бојкот на поголемите маркети, како и на одредени производи.

„Јас го поддржувам бојкотот, ако мнозинството бојкотира, тоа ќе има влијание однадвор“, изјавила жена за „Индекс“ пред продавница во Загреб.

Група граѓани на Босна и Херцеговина незадоволни од високите цени на храната со денови иницираа бојкот на продавниците, кој е закажан за денеска, пренесува „Кликс“.

Во најавата за бојкот се повикуваат сите граѓани да не ги трошат своите пари во продавници, пекарници, трговски центри, бензински пумпи и ресторани денеска, 31 јануари./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

„Самсунг“ („Samsung“) го унапредува Galaxy AI и поврзаниот екосистем на Светскиот конгрес за Мобилни технологии 2026

ДЕСК

Пензионерите од следниот месец ќе се “офајдат” со нови илјада денари покачување – Дали е тоа доволно да се турне месецот?

ДЕСК

Минималната плата ќе скокне за 1667 денари, сега ќе биде 26.046

ДЕСК