25. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕХНОЛОГИЈА

Италија го блокира пристапот до „Дип сик“

Италијанскиот орган за заштита на податоците го блокираше пристапот до кинеската апликација за вештачка интелигенција „Дип сик“ за да ги заштити податоците на корисниците и најави истрага за компаниите зад четботот. Телото наречено Garante изрази незадоволство од одговорот на „Дип сик“ на првичната истрага за тоа кои лични податоци се собираат, каде се чуваат и како се известуваат корисниците.

„Спротивно на наодите на надлежните органи, компаниите изјавија дека не работат во Италија и дека за нив не важи европското законодавство“, се вели во соопштението, во кое се истакнува дека апликацијата била преземена од милиони луѓе ширум светот за само неколку дена.

Новиот четбот на „Дип сик“ го зголеми влогот во трката за технологија за вештачка интелигенција, раздвижувајќи ги пазарите и фаќајќи се со американските лидери во генеративната вештачка интелигенција./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Apple ги предупредува корисниците: Веднаш ажурирајте ги уредите поради потенцијални хакерски напади

ДЕСК

Десеттиот обид за лансирање на „Старшип“ на Маск е откажан, објавена е причината

C +

OpenAI работи на алтернатива на Neuralink на Маск

C +