Регионален патнички авион на „Американ ерлајнс“ се судри во воздух со хеликоптер на американската армија „Блек Хок“ во близина на националниот аеродром „Реган Вашингтон“ синоќа, по американско време, соопштија официјални лица. Патнички авион се урна во реката Потомак, објавија медиумите.
Сенаторот Тед Круз од Тексас потврди на социјалните мрежи дека „има смртни случаи“, но не прецизираше колку. Телевизиската мрежа Ен-Би-Си јави дека досега се извлечени најмалку две тела од реката Потомак, а четири лица се извлечени живи од реката.
Initial video from Kennedy Center/EarthCam shows crash at Reagan Airport pic.twitter.com/t8nRcesQU5
— Tim Renaud (@TimWCBD) January 30, 2025
Американската федерална управа за авијација (ФАА) објави дека регионалниот авион на ПСА Ерлајнс се судрил во воздух со хеликоптер „Блек Хок“ додека се приближувал до Реган. Претставник на американската војска потврди дека еден од нивните хеликоптери учествувал во несреќата.
ПСА управуваше со летот 5342 за Американ Ерлајнс, кој полета од Вичита, Канзас. Американ ерлајнс објави дека во авионот имало 60 патници и четворица членови на екипажот, а авионот може да превезе до 65 патници. Американската војска соопшти дека во хеликоптерот имало тројца војници./Извор:Makfax