Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и Мизрахи се фатени со криење документи за Онкологија, обвинителството да постапи

-Откако јавноста ги виде документите што Венко Филипче ги презентираше, ВМРО-ДПМНЕ очајнички се обидува да избега од вистината. Наместо да ги признаат сопствените лаги, повторно гледаме обиди за спин и манипулација. Им пропадна кампањата кон Филипче и сега немаат каде фатени на дело во сопствените лаги, велат од СДСМ.

„Фактите се јасни:

Документите покажуваат дека стручните комисии биле формирани и работеле.

Шестмесечните извештаи постоеле и биле подготвувани.

ВМРО-ДПМНЕ и Мизрахи свесно манипулирале со јавноста тврдејќи спротивно.

Вистината не може да се сокрие зад партиски спинови. Додека Филипче со факти ја расчистува сликата и помага во истрагата на Онкологија, ВМРО-ДПМНЕ прави сè за да ја скрие својата злоупотреба.

СДСМ очекува дека Обвинителството ќе покрене истрага зошто овие докумен ти досега се криеле. СДСМ очекува дека целсонта истрага на Онкологија ќе покаже кој е точно виновен и сите инволвирани во скандалот ќе одговараат.“ – се вели во денешното соопштение на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

СНЕГ ПОЧНА ДА ВРНЕ НА ОВИЕ МЕСТА ВО МАКЕДОНИЈА: Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Ограбена каса со добровилни прилози која била оставена во џамија, полицијата го истражува случајот

ДЕСК

ВРСНИЧКОТО НАСИЛСТВО ЗЕМА ЗАМАВ, ДРАМА ВО ОСНОВНО ШКОЛО: 13 годишна ученичка нападната од четири повозрасни ученички

ДЕСК