Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд

Времето денеска променливо облачно, претпладне по котлините магливо. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд поинтензивни во западните делови, а претежно во југозападните делови со услови за краткотрајни грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, наутро магливо и претежно тивко. Од крајот на денот и преку ноќта ќе има повремен дожд. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 12 степени.

Утре и во текот на ноќта кон четврток особено во западните делови ќе има врнежи од дожд кои најпрвин во западните делови ќе бидат наместа поројни. Во четврток наместа и претежно на југот и југоистокот ќе има врнежи кои краткотрајно ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Во петок и сабота ќе биде стабилно, а од недела повторно се очекуваат врнежи./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +