30. јануари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кинези на Филипините се преправале дека се туристи од Тајван, уапсени за шпионажа

Неколку кинески државјани, кои лажно се претставувале како тајвански туристи, се уапсени под сомнение дека собирале разузнавачки информации за движењата на бродовите и персоналот на филипинската крајбрежна стража во провинцијата Палаван, во близина на Јужното Кинеско Море.

Според Радио Тајван интернешнл, локалните жители ги фотографирале осомничените шпиони додека се криеле во одморалиштата и ја снимале базата на крајбрежната стража. Тие исто така тврдеа дека Кинезите користеле беспилотни летала без потребните дозволи и поставиле камери за надзор на кокосови дрвја во одморалиштето.

Осомничените ги отфрлија обвиненијата за шпионажа, но началникот на Генералштабот на вооружените сили на Филипините, Ромео Браунер Џуниор, рече дека доказите во форма на фотографии и видеа од воени кампови, бродови и објекти биле собрани од нивните уреди.

Директорот на Националното биро за истраги, Хаиме Сантијаго, рече дека некои соработници на осомничените сѐ уште се на слобода и властите почнале потрага по нив./Извор:Makfax