Centar.mk
фото Centar.mk
ЛОКАЛНО

7.000 денари за секое новороденче: Стојкоски со нови поддршки за граѓаните на Ѓорче Петров

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, продолжува со посветената работа за подобрување на условите за живот на сите граѓани.

Со цел да се поддржат младите семејства и да се поттикне населението, општината донесе значајна одлука за зголемување на надоместокот за новороденче од 5.000 на 7.000 денари. Денес градоначалникот Стојкоски потпиша нови решенија за оваа поддршка, со што се потврдуваат заложбите за инвестирање во најмладите генерации.

Дополнително, општината активно вложува во подобрување на условите за предучилишно образование. Во моментов е во тек изградбата на нова градинка во населбата Стопански Двор, а паралелно се работи на подготовка на документација за изградба на уште две нови градинки на територијата на Општина Ѓорче Петров.

„Создаваме услови за секое дете и секое семејство да имаат сигурна и подобра иднина во Ѓорче Петров. Ова не е само наша обврска, туку и наша мисија. Општината се развива заедно со граѓаните и за граѓаните,“ изјави градоначалникот Стојкоски./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Градоначалникот Георгиевски во посета на Здружението „Моето гнездо“ по повод Неделата посветена на старите лица

ДЕСК

НОВИ РАБОТИ НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА ВО ЛИСИЧЕ – Најавен прекин поради поврзување на стар и нов цевковод

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА СО ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА БИТОЛА – Во недела се менува режимот на сообраќај

ДЕСК