Centar.mk
СВЕТ

Лукашенко го освои седмиот мандат

Александар Лукашенко, лидерот кој владее со Белорусија три децении, го освои седмиот мандат на избори на кои немаше вистинска конкуренција.

Државните медиуми објавија дека 70-годишниот Лукашенко, близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин, според излезните анкети освоил 87,6 отсто од гласовите.

Традиционално, излезните анкети се речиси идентични со подоцнежното објавување на резултатите од изборната комисија.

Со оглед на тоа што опозициските политичари се или во егзил или се затворени, а четворица алтернативни кандидати се сметаат за статисти одобрени од државата на наместени избори, се очекуваше Лукашенко да освои уште еден петгодишен претседателски мандат./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

ПОГОДЕН БОЛНИЧКИ КОМПЛЕКС ВО ХАРКИВ – Украинските власти соопштија за 73 повредени

ДЕСК

ЛОНДОН И БРИСЕЛ СО НАЦРТ-ДОГОВОР ЗА ХРАНАТА – Се подготвува намалување на проверките по Брегзит

ДЕСК

ПОЖАРНИКАРИ ОД НАД 15 ДРЖАВИ НАЈАВУВААТ ПРОТЕСТ – Во Брисел ќе бараат подобри услови и координација

ДЕСК