Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Времето ќе биде стабилно, по котлините магливо и постудено

Сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко, а по котлините во поголем дел од денот магливо и со ниска облачност. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 5 до 15 степени.

Во Скопје магливо и тивко. Попладне ќе има делумно намалување на маглата. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Времето во наредните денови

Денеска и во вторник времето ќе биде стабилно, по котлините магливо и постудено, а на повисоките места и на планините релативно топло. Во среда во западните делови, а во четврток на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој од петок ќе го промени правецот во северен./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

АЛКОХОЛ СЛУЖЕН НА МАЛОЛЕТНИЦИ: Полицијата приведе две лица по контрола во угостителски објект

ДЕСК

ТОВАРНО ВОЗИЛО ИЗЛЕТАЛО ОД ПАТОТ КАЈ ГЛУМОВО: Возачот тешко повреден

ДЕСК

ЖИВОТ ВО ЗГРАДА: Еден сосед може да ви го уништи мирот

ДЕСК