Centar.mk
МЕТЕОМАКЕДОНИЈА

Доаѓа дожд и значителна промена на времето – Метеоцентар ја објавува четиридневната прогноза

Утре и во вторник времето ќе биде стабилно, по котлините магливо и постудено, а на повисоките места и на планините релативно топло. Во среда во западните делови, а во четврток на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер, кој од петок ќе го промени правецот во северен.

Прогноза за 28.01.2025
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 6°C до 14°C

Претпладне по котлините магливо. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер.

Прогноза за 29.01.2025
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 7°C до 15°C

Променливо облачно со сончеви периоди. Во северозападните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 30.01.2025
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 8°C до 14°C

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Можеби ќе ве интересира

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, лишен од слобода осомничениот за стореното кривично дело, следува пријава

ДЕСК

Шок во Клинички центар: Двапати се обидел да прегази медицинско лице

ДЕСК

Сообраќајна несреќа со млади лица: Возач тешко повреден, тројца завршија во болница – сите на возраст од 18-19 години

ДЕСК