Centar.mk
СВЕТ

Силен земјотрес ја погоди Грција, еве каде се стресе тлото

Земјотрес со јачина од 4 степени според Рихтеровата скала е регистриран рано утринава, околу 07:57 часот на островот Санторини во Грција.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот бил лоциран во областа со географски координати на географска ширина 36,4086 и географска должина 25,4538.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 5 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран тврди дека нападнал 27 американски објекти на Блискиот Исток

C +

Израел почна широк бран напади врз Техеран, ИДФ тврди дека фрлил над 1.200 парчиња муниција

C +

Убиен е шефот на иранската армија кој жестоко им се закани на САД пред 5 дена

C +