Centar.mk
СВЕТ

Нова катастрофа во Турција, се урна зграда, луѓе останаа заробени под урнатините

Трикатница на улицата Бејшехир во турскиот град Коња се урнала околу 20 часот и 10 минути од засега непозната причина.

Откако зградата, во која имало и продавници на приземје, се урнала за неколку секунди со огромна бучава, луѓето од околните домови ја известиле итната помош.

По известувањето, за краток временски период на адресата биле испратени противпожарни служби, полиција и медицински екипи.

Две лица се извлечени од урнатините, а соопштено е дека пет лица се под урнатините и дека се работи за сириски државјани.

При спасување на луѓе, во зградата избувнал мал пожар.

Жителите велат дека немало знаци дека зградата е пред уривање./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мистерија за падот на најреткиот и најскапиот американски дрон: леталото одеднаш изгубило висина над Персискиот залив и емитувало сигнал за вонредна ситуација

C +

Маѓар најави укинување на информативната програма на државната телевизија во Унгарија

C +

Откриено што Трамп планира да му понуди на Иран за „голем договор“

C +