СВР Скопје поднесе кривична пријава против 49-годишен жител на Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“.
Во февруари 2026 година, пријавениот извршил полови дејствија врз малолетно лице, според наводите во полициската пријава.


