Centar.mk
СВЕТ

СЗО: Некои супстанции во играчките, шминката, облеката се опасни за здравјето

Супстанциите познати како ендокрини нарушувачи се присутни во производи како што се играчки, шминка, градежни материјали, облека и претставуваат глобална и растечка закана за здравјето на луѓето и животната средина, предупредува најновиот извештај на Програмата за животна средина на Обединетите нации и Светската здравствена организација (СЗО).

Овие супстанции влијаат на ендокриниот систем со имитирање или блокирање на дејството на хормоните, а истражувањата покажаа сè појасни врски помеѓу овие супстанции и широк спектар на болести, објави денес „Фигаро“.

Според извештаите, врз основа на 14-годишна студија објавена во вторник вечерта, се проценува дека трошоците за здравје и животната средина поврзани со овие супстанции надминуваат трилион долари годишно./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран: Внимателно ја следиме ситуацијата по пристигнувањето на третиот американски носач на авиони

ДЕСК

„Политико“: Европа се плаши дека Трамп би можел да постигне договор со Путин без Украина и ЕУ

ДЕСК

Ши отстапи од протоколот заради Трамп: лично го пречека на аеродромот во Кина

ДЕСК