Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Магла наутро, сонце попладне, УХМР открива што нè очекува следните денови

Времето денеска во Македонија ќе биде претпладне магловито по одделни котлини, додека во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Според УХМР, ќе дува слаб северозападен ветер, а температурите ќе се движат од -3 до 3 степени наутро, додека максималните ќе достигнат од 8 до 16 степени.

Во Скопје, граѓаните претпладне ќе се соочат со магла, но преку ден времето ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура во главниот град ќе изнесува 0 степени, додека максималната ќе се искачи до 12 степени.

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) прогнозира стабилен и релативно топол период во следните денови, особено на планините и на повисоките места, каде што снежната покривка ќе продолжи да се топи. Во котлините, пак, ќе преовладува магловито и постудено време. Единствено, во среда се очекуваат локални врнежи од дожд./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

Зимата се враќа, снег ќе трупа во делови од Македонија – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Вработен во РЕК Осломеј пријавил дека има бомба во кругот на комбинатот и си заминал од работа

ДЕСК