Centar.mk
РЕГИОН

(Видео) Уште една девојка прегазена со автомобил во Белград

Денеска женско лице удрило студентка на улицата Јурија Гагарина во Нов Белград, откако со своето возило влетала во насобраните граѓани.

Полицијата во цивилна облека која беше со учесниците на протестот во Нов Белград ја запре М.С.(25) која се обиде да побегне и ја уапси.

Таа со возилото Цитроен ги удрила обезбедувачите на почетокот на колоната, а потоа продолжила понатаму и удрила уште неколку од нив.

Денеска во Србија има генерален штрајк кој студентите во блокадата го најавија претходните денови.

Во градовите ширум Србија денеска се собираат граѓани во знак на поддршка на барањата на студентите.

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ за обидот за атентат врз него и неговото семејство: „Тоа се луѓе кои би убивале деца“

C +

Пешаци трчале преку автопат во Хрватска, двајца загинале

C +

Уапсен е и третиот осомничен за нападот врз куќата на Здравко Чолиќ: побегнале со скутер

C +