Centar.mk
РЕГИОН

Силен земјотрес во Албанија, почувствуван во Македонија и во Црна Гора

Земјотресот со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала денеска ја погоди Албанија, во близина на Скадар, тешко ја потресе Црна Гора. Се огласија граѓани од Улцињ, Челуга и Добри Води. Бил почувствуван и во Македонија со послаб интензитет.

„Улцињ се тресеше“, „Многу се тресеше“, опишуваат граѓаните за ЕМСЦ. И граѓаните на Шушањ напишаа дека земјотресот е „добро почувствуван“. Поблаги потреси се почувствувани во Подгорица, која е на речиси 60 километри од епицентарот.

Земјотресот бил почувствуван низ цела Албанија, а пријавиле граѓани од Драч, Тирана и други градови.

Засега не се знае дали има материјална штета. Епицентарот бил на 57 километри југоисточно од Подгорица и 14 километри јужно од Скадар.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 7 километри под површината на земјата.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 14 часот и 39 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 173 km западно од Скопје, во Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML4.1.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во северозападнитеделови на Републиката со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Отруено бебе во Србија: по грешка наместо вода, во шишето имало бензин

ДЕСК

Црна Гора ќе затвори уште едно поглавје во преговорите за пристапување кон ЕУ следната недела

ДЕСК

Непалските работници во Хрватска штрајкуваат поради ниски плати и лоши услови

C +