Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дек, најверојатно, ќе воведе санкции за Русија доколку рускиот претседател Владимир Путин одбие да преговара за крај на војната во Украина. Трамп не даде детали за можни дополнителни санкции, објави „Глас на Америка“.
Соединетите Американски Држави веќе воведоа остри санкции кон Русија поради нејзината инвазија на Украина во февруари 2022 година. Трамп рече дека неговата администрација исто така размислува да испрати оружје во Украина додавајќи дека Европската Унија треба да стори повеќе за да ја поддржи Украина, да плати повеќе и да ги израмни трошоците.
„Разговараме со (украинскиот претседател Володимир) Зеленски, набргу ќе разговараме со претседателот Путин“, рече Трамп. „Ќе го разгледаме тоа“.
Трамп рече дека извршил притисок врз кинескиот претседател Шји Џјинпинг да повика на интервенција за да се запре војната во Украина. „Тој не направи многу за тоа. Тој има голема… моќ, како што ние имаме голема моќ. Јас реков: Треба да го решите тоа. Разговаравме за тоа“./Извор:Makfax