Centar.mk
СВЕТ

Бајден: Ја напуштивме должноста, но не и битката

Поранешниот претседател на САД, Џозеф Бајден, по инаугурацијата на Доналд Трамп како 47. претседател на државата објави дека ја напушта функцијата, но не и битката.

По слетувањето во воената база Ендрјус во Мериленд, тој рече дека има уште многу да направи, а потоа се прекрсти, пренесува ABC News. Поранешниот претседател ги повика своите вработени да останат „ангажирани“, било во јавниот или приватниот сектор или во академската заедница.

„Ја напуштаме функцијата, но не ја напуштаме борбата. Вие сте паметни, вешти, страствени и потребни на земјата. Секогаш дававме се од себе како Американци.

Никогаш, никогаш, никогаш не се откажуваме, никогаш“, рече Бајден, исто така, изрази оптимизам дека нивниот мандат нема да биде „поништен“.

„Како што реков за законите што ги донесовме, нашите семиња ќе растат и ќе цветаат во следните децении. Ми беше чест во животот да служам како ваш претседател“, рече Бајден/Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Непотврдени наводи за погубување на младиот демонстрант, САД реагираат со ново предупредување

ДЕСК

Мецола: ЕУ не смее да го чека Трамп, притисокот врз Иран мора да биде итен

C +

Трамп: Сè што е помалку од контролата на САД врз Гренланд е неприфатливо

C +