Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ЦУК: Ќе се одглавуваат автомобилите што заглавија на патот меѓу Горно Нерези и Средно Водно

Регионалниот ЦУК (РЦУК) Скопје известува дека од Општина Карпош вчера добиле информација дека патот меѓу Пантелејмон (Горно Нерези) и Средно Водно не е безбеден за движење со моторни возило и апелирале истиот да не се користи поради голомразица.

Вчера на овој потег беа регистрирани повеќе возила заглавени во снегот. По пренесувањето на пријавите од ЦУК до надлежните, е добиено известување од ЈП Македонијапат дека овој пат е од 4-та категорија на приоритет и дека вчера немале слободни машини за интервенција, бидејќи истите биле на расчистување на патот Кичево-Охрид и на Попова Шапка и дека денеска околу 10 часот ќе испратат машина за да се интервенира, извести ЦУК./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК