19. јануари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Тик-ток“ објави до корисниците во САД дека денес ќе биде привремено недостапен

„Тик-ток“ доцна вчера им соопшти на своите американски корисници дека денеска ќе биде привремено недостапен бидејќи стапува во сила законот со кој се забранува да работи во САД.

Корисниците кои се најавуваат на „Тик-ток“ ќе бидат пречекани со порака во која се наведува дека законот привремено го спречува обезбедувањето на услугата.

„Работиме да ја вратиме нашата услуга во САД што е можно поскоро“, се вели во соопштението на „Тик-ток, кој е во сопственост на кинеската компанија „Бајт денс“.

Врховниот суд на САД во петокот го потврди законот со кој се бара „Бајт денс“ да ја продаде популарната апликација што ја користат речиси половина Американци или ќе се соочи со забрана во земјата во недела поради загриженост за националната безбедност.

„Тик-ток“ е една од најистакнатите социјални платформи во САД, која ја користат околу 170 милиони Американци, или приближно половина од вкупното население, вклучително и многу млади луѓе.

Кина и САД се економски и геополитички ривали, а фактот дека „Тик-ток“ е во кинеска сопственост ги загрижува американските власти со години.

Предлог-законот за забрана на социјалната мрежа, освен ако не се продаде на американски корисник, беше усвоен во Конгресот минатата година со двопартиски гласови.

„Бајт денс“ моментално одбива да го продаде својот деловен скапоцен камен, иако се јавија неколку инвеститори.

Администрацијата на претседателот во заминување Џо Бајден објави дека законот се однесува на фактот дека апликацијата е управувана од странски противник, а не слободата на говорот, и дека „Тик-ток“ би можел да продолжи да работи како порано доколку биде ослободен од кинеската контрола.

За време на сослушувањата во случајот, претставничката на Министерството за правда Елизабет Прелогар рече дека кинеската контрола на ТикТок претставува „сериозна закана“ за националната безбедност на САД и дека Кина се обидува да собере огромни количини чувствителни податоци за Американците за прикриено манипулирање со јавното мислење.

Прелогар рече дека Кина ги принудува компаниите како „Бајт денс“ тајно да предаваат податоци на корисниците на социјалните мрежи и да спроведуваат директиви од кинеската влада.

Новоизбраниот претседател Доналд Трамп побара од Врховниот суд во декември да стави мораториум на законот за да и даде на неговата администрација „можност да бара политичко решение за случајот.

Законот му дозволува на претседателот да го одложи спроведувањето за 90 дена, а Трамп вчера изјави дека најверојатно ќе го стори тоа откако утре ќе ја преземе Белата куќа./Извор:Makfax