19. јануари 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ЛОКАЛНО

Герасимовски: Имаме обврска да се грижиме едни за други, Водици нека донесе мир, љубов и духовна сила на сите

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски упатува честитки до сите граѓани кои го празнуваат големиот христијански празник Водици.

„Нека овој ден ни донесе мир, љубов и духовна сила на сите. Денеска, повеќе од било кога, имаме обврска да се грижиме едни за други, да вложуваме во нашите општини и да работиме за заедничка добробит. 2025-та да ни донесе повеќе меѓусебно разбирање, повеќе солидарност и помош, бидејќи само така ќе изградиме држава во која ќе сакаме да живееме.

На младиот Станислав Пашоски му честитам за храброста да го фати светиот крст во црквата Свети Јован Крстител во Капиштец и му посакувам многу здравје, среќа и мир на него и на целото семејство.

Нека ни е честит и вековит празникот Богојавление – Водици! Бог се јави!”, вели Герасимовски.