Centar.mk
фото Centar.mk (c) 2024
БИЗНИС

Важна информација од УЈП

Управата за јавни приходи ги потсетува вршителите на дејност кои водат деловни книги и даночните обврзници за данокот на добивка кои во текот на 2024 набавиле и ставиле во употреба до 10 фискални системи на опрема односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување согласно Законот за регистрирање на готовинските плаќања, најдоцна до 20-ти јануари до Управата за јавни приходи да поднесат

Барање за одобрение на даночно ослободување по основ на воведување на фискален систем на опрема, односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување (образец „ДЛД-02”), заради намалување на пресметаниот данок на личен доход во Годишниот даночен биланс за 2024 (образец „ДЛД-ДБ”), кое се поднесува електронски преку https://e-ujp.ujp.gov.mk или во хартиена форма до архивата на организационата единица на УЈП.
Барање за издавање на одобрение за намалување на пресметаниот данок на добивка по основ на воведување и користење фискален систем на опрема, односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем за управување (образец „ДД-07″), заради намалување на пресметаниот данок на добивка во Даночниот биланс за оданочување на добивката за 2024 година (образец „ДБ“), електронски преку https://etax-fl.ujp.gov.mk/ или во хартиена форма до архивата на организационата единица на УЈП.
Во прилог на барањата ДЛД-02 и ДД-07 задолжително се поднесува, односно прикачува:

Копија од фактура/и за извршена набавка на фискален систем на опрема и/или
Друг доказ за извршена набавка на фискален систем на опрема.
Неискористеното право на намалување на пресметаниот данок на личен доход, односно данок на добивка во ДЛД-ДБ за 2024 односно ДБ за 2024, може да се пренесе во следните периоди, сѐ до неговото целосно искористување.

За дополнителни информации или поддршка во врска со барањата ДЛД-02 и ДД-07 може да се обратите до Контакт центарот на УЈП на:
е-пошта: info@ujp.gov.mk
Телефонски броеви: 0800 33 000 и 02 3253 200

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК