Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да си ја гледа соработката со ДУИ и да каже зошто го пушти Груби да избега

Соопштение на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ го боли фактот што после изборите им се откри вистинското лице, соработуваа со ДУИ, изгласаа четири закони заедно а потоа го пуштија Груби да побегне за сметка на оваа соработка. Ова е реалноста и сега мака мачат да го обвинуват СДСМ за некаква соработка со ДУИ.

СДСМ е партија која ќе грижи за своите интереси и интересите на граѓаните, а грижата за ДУИ му ја оставаме на ВМРО-ДПМНЕ. Наместо да го молат Груби да се вратат и да ги потценуваат граѓаните, треба да одговорат: Која е цената што го пуштија да избега и дали е тоа дел од соработката која ја имаа последниот период?

Разбираме дека им пропадна пропагандната мантра СДСМ и ДУИ, но тоа не е наш проблем. Разбираме и дека со бегството на Груби граѓаните со право се сомневаат и ја препознаа нивната тајна соработка и сега не веруваат во пискотниците на Тошковски и Мицкоски. ВМРО-ДПМНЕ е една лажна партија која освен пропаганда и лаги не нуди ништо конкретно за граѓаните, ниту има политики со кои може да се пофали.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК