Centar.mk
СВЕТ

Повеќе од 1.000 затвореници се приклучуваат на напорите за гаснење пожари во Калифорнија

Повеќе од 1.000 затвореници и 127 вработени во затворскиот систем во Калифорнија работеле во текот на ноќта за да го изгаснат пожарот, соопшти Калифорниското одделение за поправки и рехабилитација.

Затворениците се приклучија на доброволна програма за заштита од пожар и сузбивање, која работи со Калифорниската противпожарна служба, пренесува „Ен-би-си њуз“.

Пожарите предизвикаа голема штета во Јужна Калифорнија оставајќи повеќе од 70.000 енергетски корисници без струја.

Националната метеоролошка служба (NWS) ги врати предупредувањата за црвено знаме – „Особено опасна ситуација“ (PDS) за делови од Лос Анџелес и Вентура бидејќи се очекуваат силни ветрови, пренесува Си-ен-ен./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Иран: Не, Американците не го спасија пилотот на соборениот Ф-15

C +

Напад врз петрохемиски комплекс во Емиратите

C +

Иран тврди дека соборил три американски летала за време на спасувачката мисија

C +