Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЛОКАЛНО

Герасимовски: Граѓанскиот буџет 2025 достапен онлајн, со еден клик до транспарентна и активна улога на граѓаните

Општина Центар информира дека на официјалната веб-страница е објавен Граѓанскиот буџет за 2025 година. Овој документ, подготвен во едноставен и разбирлив формат, обезбедува увид во приходите, расходите и планираните капитални инвестиции на општината, претставувајќи ги приоритетите и стратешките определби на локалната самоуправа.

„Граѓаните преку оваа апликација можат да имаат увид во тоа како се креира буџетот, како се трошат нивните пари и кои се планираните проекти и активности во општината. Граѓанскиот буџет е наменет исклучиво за јавноста и има цел да ја зголеми транспарентноста и отчетноста за тоа како се управува со буџетските средства. Неговата достапност овозможува поактивно учество на граѓаните во креирањето и спроведувањето на локалните политики”, вели градоначалникот Горан Герасимовски.

Дополнително, на веб-страницата на Општина Центар е достапна алатката „Мој буџет“. Дел од процесот се и Буџетските форуми, кои Општина Центар ги организира секоја година, овозможувајќи им на жителите на локалната самоуправа со свои предлози активно да влијаат врз креирање на буџетот.

Покрај ова, со цел да обезбеди активна и директна комуникација, во општината редовно се организираат отворени денови со граѓаните каде што тие имаат можност да ги споделат своите забелешки и идеи со надлежните служби.

Истовремено, можат да остварат средби и со градоначалникот за да се информираат за актуелни проекти, поставуваат прашања, учествуваат во дискусии и даваат предлози за важни локални прашања.

За пристап до Граѓанскиот буџет за 2025 година, посетете ја веб-страницата на Општина Центар: https://www.centar.gov.mk/wp-content/uploads/2025/01/%D0%93%D1%80%D0%B0%D1%93%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D0%B1%D1%83%D1%9F%D0%B5%D1%82-2025-%D0%9E%D0%BF%D1%88%D1%82%D0%B8%D0%BD%D0%B0-%D0%A6%D0%B5%D0%BD%D1%82%D0%B0%D1%80-1.pdf

Можеби ќе ве интересира

Орце – таткото на Скопје тргна во акција за чистење на Скопје – десетици камиони за чистење на ѓубре со вклучени ротации прво снимаат спот на паркингот кај “Борис Трајковски” па тргнуваат во 72 часовен поход за остварување на првиот успех!

ДЕСК

Ѓорѓиевски: Од вечерва, во 20:30 часот, започнуваме со првата голема акција, а тоа е за 72 часа да го исчистиме Скопје, токму како што ветив

ДЕСК

Герасимовски додели 82 стипендии до 3500 денари месечно на најдобрите ученици: Вие сте гордоста на Центар!

ДЕСК