Centar.mk
БИЗНИС

Белгијците се меѓу најбогатите жители во Европа

Белгиските жители се меѓу најбогатите во Европа и се значително побогати од просекот во еврозоната, соопшти Националната банка на Белгија (НББ).

Експертите на НББ наведуваат дека вкупното нето-богатство на домаќинствата во Белгија се проценува на 2,8 трилиони евра на крајот на 2022 година, објави „Брисел тајмс“.

Се забележува дека просечното богатство по домаќинство во Белгија е 555.000 евра, што е речиси девет пати повеќе од годишниот приход по домаќинство.

НББ истакнува дека колку повеќе финансиски средства имаат луѓето, толку повеќе имаат избор во однос на потрошувачката и инвестициите.

Во Луксембург, на пример, нето богатството на домаќинството е еквивалентно на 13 годишни приходи на домаќинството./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски најави намалување на акцизите – дизелот наместо 7 денари ќе поскапи околу 3 денари

ДЕСК

Исплатени над 1 милијарда денари поддршка за овчарството

ДЕСК

Стабилна реализација на буџетот во првиот квартал и раст на приходната страна

ДЕСК