Centar.mk
СВЕТ

Трудо ја отфрли заканата на Трамп за присоединување на Канада кон САД како економска сила

Канадскиот премиер во заминување Џастин Трудо ја отфрли изјавата на новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп дека може да употреби економска сила за да ја направи Канада 51. американска држава.

„Нема шанси Канада да стане дел од Соединетите Американски Држави. Работниците и заедниците во двете наши земји имаат корист од тоа што меѓусебно се најголеми трговски и безбедносни партнери“, рече Трудо во објавата на мрежата X.

Претходно, канадската министерка за надворешни работи Мелани Џоли рече дека коментарите на Трамп „покажуваат целосно недоразбирање на она што ја прави Канада силна земја“ додавајќи дека Канада „никогаш нема да потклекне пред заканите“./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Франција воведува засилен карантин за случаи на контакт со хантавирус

C +

Иран: Доколку САД повторно нè нападнат, ќе збогатиме ураниум до ниво на нуклеарна бомба

C +

Драматично предупредување од ОН: Светот се соочува со масовен глад ако Ормускиот теснец остане затворен

C +