Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Променливо облачно време со повремен дожд, минимална температура до 1 степен

Во утринските и претпладневните часови ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег во пониските, а на повисоките места и планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен северен ветер. На планините снежната покривка ќе се зголеми, а помала снежна покривка ќе се формира и на некои од повисоките места. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 5, а максималната ќе достигне од 4 до 10 степени.

Во Скопје претпладне ќе биде променливо облачно со повремен дожд, во повисоките делови од котлината со повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Попладне облачноста ќе се намали. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 6 степени.

Од недела ќе преовладува стабилно време со слаб до умерен јужен ветер, а по одделни котлини ќе има појава на магла. Локални врнежи од дожд се очекуваат помеѓу вторник и среда./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Со владиниот авион попладне ќе се евакуираат македонските граѓани од Израел, во следните денови следи и враќањето од ОАЕ, Катар, Бахреин и Кувајт

C +

СДСМ нема да молчи: Оставка од Тошковски поради загубените животи!

C +

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК