Centar.mk
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Зеленски: На Украина ѝ треба повеќе оружје и силна позиција за дипломатија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека САД ја зголемуваат испораката на оружје за Киев.

„Многу е важно што САД сега ги зголемуваат резервите. Ова е неопходно за да се изедначи ситуацијата. Благодарен сум на нашите партнери, а темпото на снабдување треба да биде такво што ќе го забави темпото на руските напади“, рече Зеленски во неговото редовно вечерно обраќање, објави „Униан“.

Зеленски истакна дека на Украина и треба повеќе оружје и силна позиција за дипломатија.

Американскиот претседател Џо Бајден претходно изјави дека му наложил на Пентагон да продолжи да ја зголемува испораката на оружје за Украина.

Тој додаде дека во последните месеци Вашингтон префрлил стотици проектили за противвоздушна одбрана во Украина, а уште повеќе се на пат за испорака./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Фон дер Лајен го менува планот: Брисел се откажува од сопствената разузнавачка служба по конфликтот со Каја Калас

C +

Нови детали за филмскиот напад во Италија: Разбојниците се преправале дека се полицајци

C +

Макрон: Трамп посакува колапс на Европската Унија

C +