Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Снегот ќе запре деновиве, но доаѓа камен ладно време – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

До петок ќе се задржи значително облачно, студено и ветровито време со локални врнежи претежно од снег, долж Повардарието со повремен дожд. Врнежите ќе бидат пообилни во северозападните, северните делови и на крајниот исток. Ќе дува умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 60 km/h). Од сабота следува период на стабилно, суво и студено време.

Прогноза за 26.12.2024
Минимална температура: -4°C до 2°C
Максимална температура: 1°C до 7°C

Променливо облачно и студено со повремен снег, претежно во планинските региони и особено во западните и северните делови од земјата. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа со брзина над 60 km/h.

Прогноза за 27.12.2024
Минимална температура: -5°C до 1°C
Максимална температура: 0°C до 6°C

Променливо облачно и студено, претпладне со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во планинските региони со повремен снег. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец со брзина над 60 km/h.

Прогноза за 28.12.2024
Минимална температура: -6°C до 0°C
Максимална температура: 0°C до 6°C

Малку до умерено облачно и студено. Попладне облачноста ќе се намалува. Ќе дува умерен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

Блокадата на ССМ не ги принуди пратениците да дојдат пеш на работа, но Трендафилов вели дека нема да дозволи да наплатат трошоци како да трошат керозин

C +

СДСМ: Нема пари за минималната плата затоа што Владата планира авион за Мицкоски

C +

Мицкоски од Кисела Вода: Се доградува ООУ „Невена Георгиева – Дуња“, ги испорачуваме ветувањата дадени пред граѓаните

C +