Centar.mk
РЕГИОН

(Видео) Српската полиција: На протестот имаше помалку од 30.000 луѓе; Архивата на јавните собири: Имаше 2-3 пати повеќе

Архивата на јавни собири во Србија објави проценка колку луѓе учествувале на протестот што се одржа вчера на белградскиот плоштад Славија. Врз основа на достапните снимки и фотографии, Архивата на јавните собири утврди дека се собрале меѓу 100.000 и 102.000 луѓе.

Да потсетиме, тоа беше заеднички протест на студентите среде блокадите на факултетите, каде тие бараат одговорност од властите за несреќата во Нови Сад.

Српското МВР претходно соопшти дека во моментот на најголемата посетеност на протестот имало од 28.000 до 29.000 граѓани. Снимките со кои се пребројувале учесниците се снимени во периодот од 16:45 до 17:00 часот, објаснуваат од Архивот./Извор:Makfax

Можеби ќе ве интересира

Вучиќ за обидот за атентат врз него и неговото семејство: „Тоа се луѓе кои би убивале деца“

C +

Пешаци трчале преку автопат во Хрватска, двајца загинале

C +

Уапсен е и третиот осомничен за нападот врз куќата на Здравко Чолиќ: побегнале со скутер

C +