Претстојниот Божиќ во Италија нема да се карактеризира со заштеда – се очекува семејствата да потрошат вкупно повеќе од 25 милијарди евра за подароци за ставање под дрвото, купување храна, ручеци и вечери во ресторани и патувања, според италијанскиот Здружение за заштита на потрошувачи „Кодаконс“.
Според ова здружение, просечниот трошок по семејство за претстојните празници ќе изнесува 992 евра.
Околу 9,5 милијарди евра ќе бидат потрошени за божиќни подароци за пријатели и роднини, па дури и секое друго купување ќе се врши со попуст.
За традиционалната вечера и ручек ќе се потрошат над три милијарди евра со оглед на високите цени на прехранбените производи.
Во декември во Италија путерот поскапе за 20 отсто, кафето за 13,3 отсто, маслиновото масло за 9,7 отсто, доматите за 23,7 отсто, а чоколадото за 8,5 отсто.
Во споредба со минатата година, традиционалниот колач панетоне поскапе за четири отсто, а просечната цена во главните трговски синџири се движи меѓу пет и седум евра.
Панетонот во приватните слаткарници е значително поскап, просечните цени се движат од 30 до 35 евра, но и до 60 евра доколку е „потпишан“ од познати готвачи.
Кога станува збор за чоколадните божиќни десерти, тие поскапеа за 30 отсто.
Милиони Италијанци ќе патуваат за време на божиќните празници, за што, како што проценува Kodacons, ќе потрошат 12,7 милијарди евра./Извор:Makfax