Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Преодно стабилизирање ноќеска, а потоа пресврт – Метеоцентар со детална прогноза

Преодно стабилизирање на времето ќе има утре и потоа преку ноќта. Од понеделник под влијание на циклонска активност и студен воздух од север ќе започнат нови врнежи претежно од снег, во делови од Повардарието од дожд. Особено во западниот дел и на исток каде што во понеделник врнежите ќе бидат пообилни ќе се зголеми и ќе се прошири и снежната покривка, а снег ќе има понекаде и во пониските места.

Прогноза за 23.12.2024
Минимална температура: -4°C до 1°C
Максимална температура: 1°C до 6°C

Облачно со врнежи претежно од снег, а во централните и југоисточните делови од дожд. Врнежите ќе бидат пообилни особено во западните делови каде што ќе се зголеми снежната покривка. Ќе дува умерен до засилен јужен, а во текот на ноќта повремено засилен северен ветер.

Прогноза за 24.12.2024
Минимална температура: -3°C до 3°C
Максимална температура: -1°C до 6°C

Променливо облачно и студено со локален повремен снег, претежно во планинските делови. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец.

Прогноза за 25.12.2024
Минимална температура: -7°C до 1°C
Максимална температура: 0°C до 7°C

Променливо облачно и студено, од крајот на денот во северните делови со повремен слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Врнежите ќе продолжат преку ноќта.

Можеби ќе ве интересира

Вечерва тешка сообраќајка на патот село Караорман – Штип, сообраќајот е во прекин – пожарникари ги извлекувале повредените

ДЕСК

Денеска го празнуваме Свети великомаченик Георгиј

ДЕСК

Временска идила: топли денови и сонце во следните три дена

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.